За победата на Баерн слават и во Ливерпул, а тагуваат во Барселона

Баерн Минхен е новиот првак на Европа, а покрај големата прослава во најтрофејниот германски клуб, радост имаше и во Ливерпул. Клубот кој беше на тронот на Стариот Континент сè до синоќешното финале, ќе заработи на титулата на Баерн. Причина за радоста во клубот од „Енфилд роуд“ е фактот дека Филипе Кутињо стана европски првак.

Бразилецот кога беше продаден од Ливерпул во Барселона, во договорот имаше клаузула во која стоеше дека каталонскиот гигант ќе треба да му испрати пет милиони евра на англискиот клуб доколку Кутињо ја освои европската титула.

Да биде побизарна ситуацијата, Барселона го даде Кутињо на позајмица во Баерн и Бразилецот синоќа се радуваше на трофејот. Иако Кутињо не е дел од Барселона, фактот дека играчот стана европски првак значи дека се активира клаузулата по која Барселона треба на Ливерпул да му исплати пет милиони евра.

Фудбалерот за кој Барселона плати 160 милиони евра за да го доведе во своите редови не само што не го задржа, туку сега ќе мора да плати пет милиони евра за титулата освоена со Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести