Елче по пауза од пет години, повторно ќе биде дел од шпанската Ла Лига по вчерашната победа со минимални 1-0 над Жирона во финалето од разигрувањата. Драматичната пресметка во Жирона им припадна на гостите со погодок длабоко во судиското надополнување.
💚 𝗙𝗔𝗠𝗜𝗟𝗜𝗔 🤍🍍 #ElcheEsDePrimera 🆙 🚀 pic.twitter.com/giLNvUqGAa
— Elche Club de Fútbol 🌴💯 (@elchecf) August 23, 2020
Мила погоди во 96-тата минута, што беше доволно за избраниците на Рохо Мартин да обезбедат враќање во елитата.
Во период од пет години, Елче испадна во втората шпанска лига поради финансиска криза, иако во сезоната 2014/15 заврши на 13-тото место во Ла Лига, а само две години подоцна претрпи пад до третото по ранг фудбалско натпреварување во Шпанија.
https://www.youtube.com/watch?v=XY0N3lIuM2Q