Тенисерката Викторија Азаренка на својот профил на „Инстаграм“ објави една фотографија од клупа со ѓубре околу неа и се пожали на некултурата и лошата хигиена на нејзините колеги додека тренираат во Њујорк. Празни шишиња доминираат околу клупата по тренинг на некој тенисер, па Азаренка јавно повика да не се прави тоа, туку секој да си го собира тоа што ќе го фрли.
„Кој и да играл тука, не ме интересира. Секој нека си го чисти ѓубрето. Терените треба да останат чисти, ова е срамота. Ако сте ја испиле водата, шишето треба да го фрлите во убавата канта, не е тешко“, напиша налутената 31-годишна Азаренка, која е 59-та на ВТА-листата, а во минатото беше и број 1.