Јувентус го доби дербито на „Сан Сиро“ против Милан со 2-0, а во центарот на вниманието беше Гонзало Игуаин. Некогашниот голгетер на Јувентус, а сега играч на Милан ја ги загуби нервите пред крајот на средбата. По еден дуел, Игуаин доби жолт картон, но откако започна да му вика на судијата, му беше покажан и црвен картон.
Тогаш започна шоуто на Игуаин. Почна да се кара со сите и не сакаше да го напушти теренот. Прв кој сакаше да го смири беше Кристијано Роналдо, но Игуаин го оттурна и него. Подоцна тоа му се случи и на Кјелини, а Игуаин нервозно мораше да го напушти теренот.
Higuain's day goes from horrible to abysmal. #Juve #Juventus #ForzaJuve #MilanJuve #Milan #Higuain pic.twitter.com/TquuvSTVi1
— JuveGIFs (@JuveGIFs) November 11, 2018
Роналдо, кој во шестиот меч што го играше на „Сан Сиро“ го постигна првиот гол, објасни што му рекол на Игуаин.
„Му реков да не претерува бидејќи така ризикува да добие уште поголема казна. Многу беше нервозен, ја загуби контролата, но не треба да го обвинувате. Ништо не кажа“, рече Роналдо, кој додаде дека е среќен што конечно дал гол на овој стадион и нормално што Јувентус победи.