Меси е икона во Каталонија, второ најпопуларно машко име таму е Лео

Прва асоцијација за фудбалскиот клуб Барселона во последната декада беше Аргентинецот Лионел Меси. Најдобриот играч и стрелец во историјата на клубот беше сметан за Бог во покраината Каталонија, за многумина тој беше идол, па честа беше одлуката на родителите своите новородени бебиња да ги крстат Лео, во чест на човекот кој го обожуваат.

Влијанието на Меси во каталонското општество беше до невидени размери, па во 2019 година 12 проценти од бебињата во Каталонија биле крстени Лео. Во 2004 година само 11 машки бебиња во таа шпанска провинција беа крстени Лео, а лани 500.

Најпопуларно машко име во Каталонија кое родителите им го даваа на своите синови во 2019 година беше Марк. Можеби за тоа придонесуваат титулите на каталонскиот мотоциклист Марк Маркес во Мото ГП. Лани 622 бебиња биле крстени Марк.

Интересно ќе биде да се види статистиката за 2020 и 2021 година, ако Меси си замине од Барселона. Иако фановите секогаш ќе го сакаат и за заминувањето ќе ја обвинуваат управата на Барса, ќе се види колку неговата популарност во Каталонија ќе опадне ако веќе не го носи дресот на симболот на Каталонија.

- Оглас -

Најнови вести