Дури и кога мислите дека е готов и нема шанса, Ѓоковиќ сепак победува

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот Синсинати, откако вечерва после голема тричасовна борба го победи Роберто Баутиста Агут со 4-6, 6-4, 7-6.

Во третиот сет беше вистинска драма. Шпанецот прв направи брејк, Ѓоковиќ покажа неверојатна ментална сила, веднаш возврати и тоа со камата, направи низа од четири освоени гејмови по ред, што требаше да биде клучно. Но, неверојатно упорниот Баутиста не се предаваше, дојде до водство од 6-5 и сервираше, но не ја искористи златната шанса, па се играше тај-брејк во кој Новак доминираше.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет, и тоа беше негов само шести загубен сет во 2020 година. На неговата победа не ѝ се радува другиот финалист Милош Раониќ, бидејќи Канаѓанецот никогаш не го победил Новак, а не знае за пораз против Баутиста Агут.

Шпанецот го освои првиот сет, а потоа беше затворен покривот на теренот и тоа како повеќе да му одговараше на Србинот кој направи пресврт и остана непоразен во оваа календарска година. Ѓоковиќ на почетокот со две паузи за медицински тајм-аут го пресече добриот ритам на противникот. Така за Баутиста заврши низата од три победи по ред против Ѓоковиќ на тврда подлога.

- Оглас -

Најнови вести