Левандовски: На кого би му ја дал Златната топка? Себеси

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, во сезоната која измина неодамна, во дресот на Баерн Минхен даде 55 гола во сите натпреварувања, беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, Бундеслигата и германскиот куп, во сите три натпреварувања го освои победничкиот трофеј, и со право се надева на наградата за фудбалер на годината.

За 2020 нема да се доделува „Златна топка“ на магазинот „Франс фудбал“, но ФИФА ќе ги прогласи најдобрите врз основа на гласовите од селекторите и капитените на сите репрезентации во светот, плус навивачите.

„На кого би му ја доделил Златната топка годинава? Себеси. Освоивме сè што можеше да се освои, и во сите натпреварувања бев најдобар стрелец“ – изјави Левандовски, кој е фаворит да го наследи Лионел Меси кој беше најдобар на светот за 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести