Навивачите на Лацио имаат нов миленик, тоа е 37-годишниот шпански голман Пепе Реина, но тие не му се наклонети поради неговите квалитети помеѓу стативите, туку поради политичките ставови кои му се слични со нивните.
Ултрасите на Лацио добро знаат дека Реина во 2009 година јавно ја поддржуваше десничарската партија „Вокс“ во Шпанија, па затоа тие во негова чест му посакаа добредојде преку еден транспарент закачен на ограда во близина на мостот Милвио во Рим.
На транспарентот пишува: „Римски поздрав за камератот Реина“. Зборот камерат во терминологијата на фашистите во Италија означува брат.
Ништо ново од навивачите кои се познати по своите радикални ставови кои не се срамат да ги истакнуваат ни на стадион, па Лацио во минатото поради тоа плаќаше и големи казни.