Металург со убедливи 35-28 славеше против Винковци во првиот квалификациски дуел од Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда ја оправда фаворитската улога и со „плус 7“ ќе влезе во реваншот кој е закажан за 5 септември.
Избраниците на Кастратовиќ доминираа во текот на целата средба, како потврда за тоа беше предноста од 17-12 во првото полувреме. Во ист ритам домаќините продолжија и во вториот дел, по што беше јасно дека Металург ќе триумфира.
Во меѓувреме, Бутел со пирова победа од 25-24 против Ѓенѓеш се проти од меѓународната сцена, откако првиот дуел припадна на Ѓенѓеш со недостижни 34-21.