Љубителите на пикадото синоќа имаа уникатна можност, за првпат во директен телевизиски пренос да видат како актуелниот светски првак Питер Рајт со минимумот од девет фрлања да освои лег.
Рајт во првата серија погоди три двојни 20-ки, истото го повтори и во втората тура од три фрлања, па од 501 со само шест фрлања дојде на 141. Му требаа тројна 20-ка (60), тројна 19-ка (57) и двојна 12-ка (24) за да дојде до нула, и успеа во тоа.
Шкотланѓанецот Рајт кој има 50 години, го загуби мечот против Дарил Герни, но овој дуел ќе го памети по својата прва чистка со девет фрлања на стреличките на меч кој бил пренесуван на телевизија.
Рајт во Милтон Кејнс повторно игра премиерлигашки меч и вечерва, а на мечеви од премиерлигата во пикадо може да се обложите во Sport Life.