Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, со освојувањето на Мастерс турнирот во Синсинати најави дека е подготвен да атакува и на трофејот од гренслем-турнирот во Њујорк. Популарното Отворено првенство на САД стартува денеска, а Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.
Дуелот од првото коло ќе се игра на легендарниот терен „Артур Еш“, а Џумхур објави фотографија како тренира на тој терен. На фотографијата на Џумхур со коментар се појави и Новак, кој е пријател со Дамир и на шега му искоментира. „Колку пати бе тренираше на Артур Еш? Ти имаш предност. Не е фер. Ќе се жалам“, напиша Ѓоковиќ додавајќи шеговити симболи на коментарот што потврдува дека е само другарска шега.
Комплетната понуда за обложување на мечевите од САД Опен може да ја најдете на Sport Life.