Со три погодени меча, до добивка од 4.400 евра

Со храбра тактика да се вложат 3000 денари на три натпревари, обложувач во Sport Life од Гевгелија успеал да добие 271.953 денари. Едноставна била тактиката на овој тикет. На трите одбрани меча требало да биде гол-гол во првото полувреме, односно двата тима барем по еднаш да ја затресат мрежата на противникот во првите 45 минути.

Два од трите добитни меча се од американската МЛС-лига. Лос Анџелес галакси со 3:2 го победи Сан Хозе, а на полувремето беше 1:1. Гостите поведоа во 11-тата минута, а веќе во 33-тата минута беше 1:1, што беше доволно за да биде заокружен тој тип на тикетот. Њу Ингланд и Њујорк Ред Бул одиграа 1:1, а двата погодоци беа постигнати во последните 10 минути од првото полувреме.

Гол-гол во првото полувреме имаше и на мечот од бразилскиот шампионат меѓу Сао Пауло и Коринтијанс. Домаќините поведоа во 14-тата минута, а гостите погодија за 1:1 во 36-тата минута и се комплетираше на добитниот тикет, кој е речиси 4.400 евра, со влог од 50 евра.

СЕКОГАШ ВРЕДИ ДА СЕ ИГРААТ ПОВЕЌЕ МЕЧА, ОД ВКУПНАТА ДОБИВКА, БОНУСОТ ДОНЕСЕ 51.273 ДЕНАРИ

Вчера во Струга бил уплатен тикет на кој со 500 вложени денари, добивката е 264.914 денари. На тикетот има 10 мечеви, што значи дека е фатен и дел од Бонус 500 што го нуди Sport Life. Одиграни се мечеви од повеќе различни првенства, а на добивката која му следувала, има и бонус од 24 отсто, кој го има во промоциската акција Лето на 500%.

КОГА САКА-САКА, ЌЕ ДАДАТ ГОЛ И ВО 92-РА МИНУТА

Обложувачот имал среќа на повеќе од натпреварите. Локомотив Половдив – Черно Море ја одиграл 1Х&0-3, а веќе во 48-мата минута домаќините водеа со 2:1, што значи не смеело да има ниту еден гол до крајот. Така и остана, Локо победи со 2:1.

УФА и Динамо Москва одиграа 1:1 во мечот на кој требаше да биде Х2&0-3. Хелсинборг и Ѓургарден играа 0:0 по првиот дел, но се раздаваа голови во второто полувреме (3:1), за да биде 3+ на крај. Неизвесно беше во финалето на Швајцарскиот куп. Јанг Бојс со гол во 89-тата минута стигна до победа од 2:1 против Базел за добитна комбинација ГГ3+.

Најдраматичен бил мечот Селтик – Мадервел. Домаќините беа апсолутни фаворити, па Селтик без проблем водеше во првиот дел. Сепак, мечот кој требаше да заврши 3+, излезе добитен благодарение на погдокот во 90+2 минута, што секако донесе многу радост кај обложувачот на тикетот уплатен во Струга.

- Оглас -

Најнови вести