Баерн Минхен го совлада Леверкузен на „Алијанц арената“ со 3-1, германскиот првак и по три меча има максимален број на бодови (9) во шампионатот. Стартот на дербито беше фуриозен, Вендел од белата точка донесе водство за „фармацевтите“ по само пет минути игра. „Баварците“ брзо се разбудија од шокот, па за само две минути стигнаа до водство, што беше доволно за нов триумф. Толисо израмни во 10-тата минута, во 12-тата Робен ги направи комплетен пресврт за 2-1, додека Родригез ги постави конечните 3-1 во финишот на средбата.
Лајпциг конечно забележи победа во германскиот шампионат, со триумф над Хановер од 3-2 на свое тло. Еден гол на Поулсен и два на Вернер беа доволни за прв триумф сезонава. Дизелдорф со 2-1 го победи Хофенхајм, Мајнц во самиот финиш на средбата оствари комплетен пресврт за 2-1 против Аузбург, а Херта и Волфзбург во судиското надополнување се изборија за реми при конечни 2-2
РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 3. КОЛО:
Баерн Минхен – Баер Леверкузен 3-1
Фортуна Дизелдорф – Хофенхајм 2-1
Мајнц – Аузбург 2-1
Лајпциг – Хановер 3-2
Волфзбург – Херта 2-2