Силекс доби противник за мерак, треба да продолжи понатаму во ЛЕ

Силекс имаше среќа во ждрепката од квалификациите за Лигата на Европа бидејќи за противник го доби единствениот неносител во ждрепката, а тоа е Дрита од Косово. Мечот ќе се игра на 17 септември во Скопје, а победникот ќе игра во третото квалификациско коло за второто по квалитет натпреварување на УЕФА.

Кратовци започнаа во квалификациите за Лигата на шампионите, но откако беа елиминирани од Карабах, продолжуваат во ЛЕ.

Претходно, своите противници во квалификациите за ЛЕ ги добија и Шкендија и Ренова. 

 

- Оглас -

Најнови вести