Кулушевски: Лесна ми беше одлуката да играм за Шведска

Нашинецот Дејан Кулушевски, кој е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, изјави дека одлуката да игра за сениорската репрезентација на Шведска, му била лесна и пресудила неговата желба да настапува за родната земја, иако во минатото тој играше за У-17 националниот тим на Македонија.

Новиот фудбалер на Јувентус денеска за шведските медиуми рече дека не знае зошто по неговите стапки не тргнал и Анел Ахметхоџиќ, кој ќе игра за Босна и Херцеговина, иако ги мина младинските селекции на Шведска.

„Мојата одлука беше лесна, сакав да играм за Шведска. Не знам зошто Ахметхоџиќ ја избра БиХ, но ако тој мисли дека тоа е правилна одлука, така нека биде. Некогаш е тешко да се заборави потеклото. Во мојот случај, почувствував дека од А тимот на Шведска ме гледаат и ги следат моите игри и кога дојде времето, работите си одеа како што треба“, рече Кулушевски, кој потекнува од Охрид, а роден е во Шведска.

- Оглас -

Најнови вести