Се намалува бројот на странци во Премиер лигата

Откако Велика Британија ќе излезе од Европската Унија, од 2020 година во англиската Премиер лига фудбалерите кои не се од Англија, Шкотска, Велс или Ирска, ќе се третираат како странци.

Најавите од Фудбалската асоцијација на Англија е дека во премиерлигашките клубови ќе смее да има најмногу 12 странци. Сега, секој клуб може да има 17 странци. Но, големата новина е дека како странци ќе се третираат и играчите од Европската Унија, што во моментов не е случај.

Во моментов, дури 13 премиерлигаши имаат повеќе од 12 странци, а меѓу нив се и сите клубови од врвот на лигата. Идејата на Англичаните е да се зголеми бројот на домашните играчи во најсилните тимови и со тоа да се засили конкуренцијата во репрезентацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести