Се случи првото големо изненадување на Отвореното првенство на САД

Не требаше да помине многу време за да се случи првото големо изненадување на гренслем-турнирот во Њујорк. Првата носителка во женска конкуренција Каролина Плишкова е елиминирана во второто коло од нејзината имењачка Каролина Гарсија. Иако Плишкова беше голем фаворит пред мечот, Французинката славеше со 6:1, 7:6, па тенисерката од Чешка остана да сонува за првата гренслем-титула.

За Гарсија ова беше прва победа против тенисерка која е во топ-10 на ВТА ранг-листата.

https://twitter.com/i/status/1301267626472157184

За разлика од Плишкова, Наоми Осака без никакви проблеми се пласираше во третото коло откако со 6:1, 6:2 славеше над Камила Џорџи.

На машкиот дел од турнирот немаше поголеми изненадувања, а првиот фаворит Новак Ѓоковиќ, синоќа со 3:1 во сетови се избори за место во третото коло и на најдобар начин го прослави роденденот на неговата ќерка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести