Јувентус најде начин како да го донесе Суарес, а Барселона да биде задоволна

Јувентус уште се обидува да го комплетира доаѓањето на Луис Суарес од Барселона. Старата дама е во потрага по искусен напаѓач кој треба да го пополни испразнетото место по заминувањето на Гонзало Игуаин. Од Барселона најавија дека не планираат на Суарес во новата сезона иако има уште една година од договорот.

Барселона сака да го продаде Суарес, Јуве сака да го купи, само фали договор на двете страни. Каталонците се свесни дека не може многу да добијат за играчот кој има уште една година од договорот. Ако остане на „Камп ноу“, тоа ќе биде финансиски удар за Барселона затоа што Суарес е еден од најскапите играчи.

Според италијанските медиуми, предлогот на Јувентус е Суарес да дојде во Торино како слободен играч, но Барселона да добие одреден бонус и тоа во зависност од бројот на настапи и бројот на постигнати погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести