Федерациите на Бразил и Англија еднакво ќе ги плаќаат мажите и жените

Женските фудбалски репрезентации на Бразил и Англија ќе добиваат паричен бонус еднаков на машките репрезентации за успех на меѓународните натпреварувања. Двете фудбалски федерации се едни од малкуте кои се определија за еднакви бонуси на двете репрезентации, претходно на ваков потег се одлучија Нов Зеланд, Австралија и Норвешка.

„Фудбалската федерација на Бразил ги изедначи бонусите на машката и женската репрезентација, што значи дека жените ќе бидат платени исто колку и мажите. Со овој потег ставаме крај на половата нееднаквост во фудбалската сфера“, истакна првиот човек на Федерацијата, Рожерио Кабокло.

Еднаквото исплаќање на бонуси првпат ќе се примени за настапите на двете репрезентации на Олимписките игри кои следното лето ќе се одржат во Токио, додека Англија од почетокот на 2020 година го спроведе ова правило.

- Оглас -

Најнови вести