Хави Мартинес во летото 2012 година го напушти Атлетик Билбао и за 40 милиони евра се пресели во редовите на Баерн Минхен. Со мисија да ја освои Лигата на шампионите, Мартинес успеа во тоа уште во дебитанстката сезона 2012/13, а и во неговата последна сезона како член на германскиот првак стигна до европската титула.
Сега се наоѓа пред враќањето во баскискиот клуб каде што запиша 250 настапи, со тоа што Билбао ќе издвои 10 милиони евра да го ангажира својот поранешен играч. Мартинес го чека двегодишен договор на „Сан Мамес“ со опција истиот да се продолжи на уште една сезона.
Билбао ќе ја има честа да ја отвори новата сезона во Ла Лига со оглед на тоа што дуелот против Гранада им е закажан за 11 септември. До тогаш Мартинес би требало да биде промовиран во старо-новиот клуб.