Хабиб тренира деноноќно и се мотивира со зборовите на починатиот татко (видео)

Хабиб Нурмагомедов со посебни напори тренира за да биде подготвен за борбата против Џастин Гејтџи која се предвидува за 25 октомври. Нурмагомедов пред два месеци остана без тренер по смртта на татко му Абдулманап, кој ја загуби животката битка со корона-вирусот на 57-годишна возраст.

Иако татко му го нема, популарниот Орел ги користи неговите зборови за да се мотивира. „Како што велеше татко ми: Наметни му ја својата игра, оди до крај и гледај како другите се предаваат“, напиша Нурмагомедов на „Инстаграм“.

Шампионот во лесна категорија ќе се обиде да го врати појасот кој привремено го поседува Гејтџи по победата над Тони Фергусон. Дагестанецот работи деноноќно на својата кондиција и физичка подготвеност и има намера да се врати посилен од било кога.

Нурмагомедов важи за скромен човек, па затоа и не е чудно да се забележи како трча во доцните часови низ улиците на Махачкала.

- Оглас -

Најнови вести