Велат целта ги оправдува средствата, и со таа мисла тргна фудбалерот на Саутхемптон и англиски репрезентативец, Џејмс Ворд-Праус, кога реши да ја раскопа белата точка пред Исланѓаните да го изведат пеналот со кој можеа да изедначат во 93-та минута.
Биркир Бјарнасон го утна пеналот, шутна надвор од рамките на голот, а подоцна се виде „делото“ на Ворд-Праус. Селекторот Саутгејт рече дека не го видел „копањето“ и не сакаше да коментира.
Англичанецот лукаво „работеше“ додека траеше паузата од досудувањето на пеналот до изведувањето.
Веројатно на Исланѓаните не им е сеедно кога ги гледаат снимките и фотографиите од моментот кога без да видат станаа жртви на измама.