Фудбалската асоцијација на Англија им одреди дисциплинска мерка на Фил Фоден и Мејсон Гринвуд за прекршување на здравствениот протокол за заштита од ковид-19.
Талентите на Манчестер јунајтед и Манчестер сити по победата над Исланд во Рејкјавик, во хотелската соба повикале девојки и на тој начин не го испочитувале правилото за социјална дистанца и изолација. И двајцата се отстранети од репрезентацијата која ја води Герет Саутгејт на еден ден пред гостувањето во Копенхаген, за средбата против Данска во второто коло од Лигата на нациите.
Инаку Фоден беше стартер, додека Гринвуд своето деби во сениорскиот дрес на Англија го запиша во 78-мата минута, кога влезе во игра на местото од Хари Кејн.
Снимка која трае три секунди, а ја објави една од девојките, е доказ дека навистина тие не ги почитувале протоколите: