Рекордерот по бројот на одиграни мечеви и по бројот на постигнати голови во дресот на Македонија, капитенот Горан Пандев е оптимист и најави дека утре ќе се обидеме да победиме на гостувањето во Тбилиси против Грузија. Пандев против Ерменија ги одигра последните 30 минути, но секако дека неговото присуство многу значи.
„Против Ерменија игравме во многу тешки услови. Тука видовме дека стадионот е прекрасен, а теренот е во добра состојба. Утре ќе се обидеме да победиме“, рече Пандев на прес конференцијата, додавајќи дека атмосферата во тимот е одлична.
Репрезентативците Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреда нема да бидат во комбинација за настап на натпреварот во Тбилиси против Грузија, додека неизвесен е настапот на Стефан Ристовски кој се жали на стомачен вирус.