Грузијците нѝ се во фокусот – Тренинг на теренот што може да нѝ донесе историски пласман на ЕП (Фото)

Македонските репрезентативци тренираа на „Динамо“ арена вечерва пред утрешниот меч со Грузија во второто издание на Лигата на Нации.

Запознавањето со теренот на кој е многу веројатно дека ќе се одлучува за историја и за двете репрезентациии мина во пријатна атмосфера.

Во фокусот ни се Грузијците, со кои утре од 18 часот ќе го играме првиот од двата можни дуели во Тбилиси, од кои вториот ако се случи ќе биде историски за двете селекции.

Во тек е второто издание на Лигата на Нации, но и ние и Грузијците се уште чекаме расплет и финиш на премиерниот циклус, во кој двете селекции стасаа до полуфиналните дуели вио Д сегментот и во октомври се домаќини и фаворити против Косово, односно со Белорусија.

Ждрепката сакаше двете селекции да бидат во истата Група 2 во Ц сегментот во новото издание на Лигата на Нации, а со нетрпение се очекува многу поважниот финален меч во премиерниот циклус.

Ако Македонија го победи Косово во Скопје на 8. октомври, а Грузија во Тбилиси истиот ден биде подобра од Белорусија, тогаш во термин што треба дополнително да се одреди ќе има нов дуел меѓу двете селекции, што ќе значи и историја за едната од двете репрезентации и прв настап на големо натпреварување.

Утре од 18 часот е првиот чин од најавениот и очекуван двомеч во Тбилиси меѓу Грузија и Македонија. Тбилиси, односно „Динамо“ арена ќе бидат домаќини на финалниот меч од Д сегментот за пат на ЕП следната година, само под услов Грузија на 8. октомври да ја победи Белорусија.

Во случај на успех на Белорусите на тој меч, тогаш тие ќе бидат домаќини на големото финале за крај на првата сезона од Лигата на Нации.

- Оглас -

Најнови вести