Николо Заниоло повторно имаше голем малер и го повреди веќе оперираното колено на дуелот што вечерва го играат Холандија и Италија во Лигата на Нации.
Големата италијанска фудбалска надеж мораше да го напушти теренот во 42. минута, откако „настрада“ во дуел со Дани Ван Де Бек.
Заниоло паузираше шест месеци од јануари до јули годинава поради операција на истото колено, кое го повреди и вечерва.
Николо има 21 година и е еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал. Вечерва како стартер го почна седмиот меч во дресот на популарните Аѕури, а допрва ќе треба да се види колку е тешка повредата по дуелот со Ван Де Бек.
По првото полувреме на мечот во Амстердам, Италија води со 1:0 со голот на Николо Барела во првата минута од судиското продолжение.