Пред пет години морал да оди во бирото за невработени, а сега ќе го менува најскапиот голман во светот!

Од следниот викенд започнуваат возбудувањата во новата сезона во Премиер лигата. Челзи е тимот кој беше најактивен на фудбалскиот пазар и потроши речиси 250 милиони евра за купување на играчи како што се Тимо Вернер, Каи Хаверц, Тијаго Силва и Бен Чилвел. Сепак, тука не е крајот на шопингот на лондонскиот тим.

Челзи е во потрага по голман, а изборот падна на Едвард Менди од Рен. Тоа е голманот кој имаше блескава сезона во францускиот тим, па сега треба да добие шанса да го брани голот на Челзи. Во Челзи се разочарани од Кепа Аризабалага. Шпанскиот голман дојде на „Стемфорд Бриџ“ за неверојатни 80 милиони евра и е најскап чувар на мрежата во светот.

Сепак, Менди сега треба да добие шанса пред Кепа. Интересна е приказната за Менди. До пред пет години, тој се борел да го покаже својот талент. Бил член на еден полуаматерски клуб, па еден период морал да оди дури и во заводот за вработување да се пријавува.

Сепак, откако доби шанса во Б тимот на Олимпик Марсеј, во 2016 година направи трансфер во Реим каде покажа дека е квалитетен, па лани направи трансфер во Рен. Сега, по само една сезона тој ќе направи трансфер во Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести