Перес објави заминување од Рејсинг поинт, Ферари викендов со бои како во 1950 (Фото)

Две вести вечерва ги „размрдаа“ љубителите на Формула 1. Серхио Перес објави дека по завршувањето на сезонава, си заминува од тимот Рејсинг поинт, со што ја завршува шестгодишната соработка.

Мексиканецот, кој е познат по прекарот Чеко, со розево-белиот болид имаше пет изненадувачки пласмани на подиум, а на тимот кој во минатото се натпреваруваше под името Форс Индија, во 2016 и 2017 година му донесе четврто место во генералниот пласман меѓу конструкторите.

Се шпекулира дека неговото место ќе го заземе Себастијан Фетел од Ферари. Четирикратниот првак си оди од Ферари на крајот на годинава и се најавуваше дека ќе оди во Рејсинг поинт, кој следната 2021 ќе настапува како Астон Мартин.

Италијанскиот тим Ферари в недела ќе ја прослави својата 1.000-та трка во Формула 1 и во таа чест болидот кој е препознатлив по својата светло црвена боја, овојпат ќе биде со изменето издание и ќе ја има истата боја како на првата трка во 1950 година. Ферарито ќе биде темно-црвено.

Шарл Леклер се пофали и дека по повод илјадарката, ќе има и специјална кацига на главата.

 

- Оглас -

Најнови вести