Сезоната 2020/21 во НБА-лигата нема да почне пред католички Божиќ, иако имаше најави дека стартот на новиот кошаркарски шампионат во САД ќе биде на првиот ден од декември. Раководството на лигата, предводено од комесарот Адам Силвер, извести дека сезоната не може да почне порано од 25 декември.
Драфтот на НБА-лигата останува за 18 ноември, а воедно се остава простор за ново одложување на стартот на новата сезона. Во меѓувреме активно се работи на случајот постепено да се вратат навивачите на трибините.
Инаку сезоната во НБА-лигата последен пат почна на католични Божиќ во 2011 година, за време на локаутот по бојкотот на кошаркарите.