За неколку часа доведоа осум играчи, ќе им донесе ли тоа победа в недела?

Вечерва стартува новиот шампионат во турското првенство, а Басакшехир ќе биде вранител на тронот, додека истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ секогаш се меѓу кандидатите за трофејот. Прв дуел од шампионатот е тој меѓу Ризеспор и Фенербахче.

Покрај сите овие екипи изминативе два дена во центарот на вниманието беше екипата на Анкарагучу. Тоа беше клуб кој имаше забрана за купување нови играчи, но таа забрана беше тргната во последен момент. На Анкарагучу и беше дозволено да регистрира нови фудбалери и успеа за само неколку часа да доведе дури осум нови играчи.

Тројца играчи стигнаа од Белгија, а беа доведени и уште петмина други фудбалери. Сите се на возраст од 19 до 26 години. Анкарагучу во првото коло ќе биде домаќин на Ерзурумспор, а дуелот ќе се игра в недела.

 

- Оглас -

Најнови вести