Беше на бирото за невработени, сега доаѓа да брани во Челзи!

Голманот на Рен Едвард Менди отпатувал во Лондон за да го потпише договорот со Челзи. Според најавите, Рен и Челзи постигнале согласност за трансфер на голманот кој има интересн приказна. До пред пет години, тој се борел да го покаже својот талент. Бил член на еден полуаматерски клуб, па еден период морал да оди дури и во заводот за вработување да се пријавува.

Сепак, откако доби шанса во Б тимот на Олимпик Марсеј, во 2016 година направи трансфер во Реим каде покажа дека е квалитетен, па лани направи трансфер во Рен. Сега, е пред промоција во Челзи и треба да биде наследник на најскапиот голман во историјата на фудбалот Кепа Аризабалага.

Во Челзи се разочарани од шпанскиот голман кој го платија неверојатни 80 милиони евра, па сега бараат негова замена. Менди треба да биде прв голман во Челзи, а иднината на Кепа останува неизвесна.

 

- Оглас -

Најнови вести