Дејан Кулушевски го одигра првиот меч за Јувентус и веднаш најави дека ќе биде спектакуларен тандем со Кристијано Роналдо.
Првиот гол за Старата дама на пријателскиот дуел со Новара беше по одлична акција на Квадрадо и Рабио, а завршницата им припадна на Кулушевски и на Роналдо.
Кулушевски одлично го проигра Португалецот, а Кристијано погоди рутински за предност на Јувентус.
20’ Juventus 1-0 Novara
Who else? It’s Cristiano Ronaldo 🇵🇹 to open the scoring for Juventus. ⚫️⚪️⚽️#JuveNovara #Juventus #Ronaldo
https://t.co/PjHniThzFn— RouteOneFootball (@Route1futbol) September 13, 2020
Потоа имаше доста измени во редовите на Старата дама, а мечот со Новара беше вистинска шанса и за новиот тренер, Андреа Пирло да ја провери формата на повеќе играчи.
Во второто полувреме во кое не играа Роналдо и Кулупевски, а се претстави уште едно засилување, Артур Мело, Јувентус постигна уште четири гола.
Арон Рамзи погоди во 57. минута, Марко Пјаца беше прецизен во 66. минута, а Портанова со два гола во судиското продолжение ја потврди очекуваната победа на фаворитот.