Вистински калабалак се случи на самиот старт на Ф1 трката во Муџело, за Големата награда на Тоскана, а најмногу во судирот на патеката настрадаа Ферстапен и Гасли.
Ударот беше жесток, но за среќа немаше последици по пилотите на патеката, а веднаш трката беше прекината со помош на безбедносното возило.
https://twitter.com/iGPManager/status/1305134163989868545?s=20
Имаше информации дека на патеката има и излеано гориво, па возачите заминаа во своите боксови, а потоа трката продолжи и безбедносното возило се повлече.
Но, повторно имаше судар на патеката и повторно имаше прекин, па по втор пат на патеката се наоѓа безбедносното возило.