Ленс Строл заврши во заштитната ограда крај патеката во Муџело, а трката за Големата награда на Тоскана е прекината и по третпат денеска.
Строл изгуби контрола над возилото и мораше предвреме да ја заврши трката. Новиот инцидент се случи во 44 круг од вкупно 59, а трката се уште е во прекин.
https://twitter.com/SkySportsF1/status/1305157717653426180?s=20
Потоа при обидот да го извлечат возилото, болидот се запали, но оганот беше изгаснат.
Претходно во првите девет круга имаше два прекини, поради судири на болидите на патеката, а останаа само уште 12 возила и пилоти кои чекаат трката да продолжи и конечно и да заврши.