Вардар ретко кога бил тотален аутсајдер против Мешков Брест ако се гледаат квотите во Sport Life, но тренерот Стевче Алушовски тврди дека сè уште актурлниот европски првак е подготвен да се надигрува и со позитивен резултат да се врати од Белорусија.
„Натпреварот со Мешков Брест е прв во низата од оние што нè очекуваат во Лигата на шампионите. Сè што досега сработивме, беше подготовка токму за овој дуел. Секако дека имавме големи проблеми на сите пријателски натпревари, па и во Ф4 турнирот во СЕХА-лигата, пред сè мислам на играта во нападот. Можам да кажам дека сум задоволен од нивото на подготвеност за пресметката со Мешков, екипа која е наш стар противник. Од нас очекувам подобрена игра во нападот, на повисоко ниво. Белорускиот тим долго време настапува на европската сцена и е сериозен противник. Со доаѓањето на Скубе во екипата, добија плус на квалитет, а воедно ја имаат фаворитската улога. Ја анализиравме нивната игра уште од фајнлфорот и сметам дека можеме да се вратиме со поволен резултат од Брест“, истакна Алушовски.
Дуелот Мешков Брест – Вардар од првото коло во групната фаза во Лигата на шампионите е закажан за во среда, во 18:45 часот.