На Бока јуниорс ѝ дозволија да игра со заразени фудбалери

Поминаа повеќе од шест месеци од појавата на пандемијата со корона-вирусот, а спортот не само што полека се врати во нормала, туку во Јужна Америка се случува преседан. Аргентинскиот гигант Бока јуниорс доби дозвола да игра со двајца фудбалери кои се заразени од опасниот вирус.

На почетокот на месецот, двајца фудбалери на Бока беа позитивни на корона-вирусот, а и покрај тоа, добија дозвола да играат на дуелот против Либертад во Парагвај, во рамките од Копа Либертадорес. Иако поминале во карантин, играчите повторно сè уште биле позитивни, но сепак добиле дозвола да патуваат во Парагвај.

Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНБЕМОЛ) ѝ даде дозвола на Бока да патува со заразените играчи, а потврда стигна и од Министерството за здравство на Парагвај. Оваа одлука доаѓа како резултат на образложението од Светската здравствена организација дека ако поминат 14 дена и ако човекот нема симптоми, не е опасност за останатите.

Од тимот на Либертад се гневни на оваа одлука на КОНБЕМОЛ, но и на нивното Министерство за здравство затоа што не се почитуваа зададените протоколи.

 

- Оглас -

Најнови вести