И либералните Холанѓани знаат каде е границата – Емен остана без спонзорот што продава сексуални помагала

Фудбалската федерација на Холандија, КНВБ, одлучи да не му дозволи на прволигашот Емен да ги рекламира експлицитните производи на „Изи Тојс“, фирма која е спонзор на клубот, а произведува сексуални помагала.

Челниците на КНВБ немаат ништо против името на фирмата да стои на дресовите на фудбалерите на Емен, но не дозволи да има и реклама на дел од производите на спортската опрема на прволигашот.

Емен имаше понуда од „Изи Тојс“ да ги рекламира нивните производи, но и либералните Холанѓани знаат каде е границата на вкусот, па од КНВБ забранија такво нешто.

Интересно е што истата фирма има спонзорски договор и со Гронинген, уште еден холандски прволигаш, а играчите на овој клуб дури беа и во посета на една од фабриките на „Изи Тојс“.

Емен најави дека ќе ја побара правдата на суд, но од Холандската федерација одговорија дека се подготвени да ги бранат своите ставови и позиција да одлучуваат за фудбалските правила во холандскиот фудбал.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести