Неверојатен податок на ФИФА, позната сумата која ја загубиле клубовите за време на пандемијата

Пандемијата на корона-вирус во голема мерка влијаеше негативно врз фудбалските клубови ширум светот, а Светската фудбалска федерација, ФИФА, ги објави точните бројки од кои боли глава. Според ФИФА, финансиската загуба на клубовите од целиот свет е дури 14 милијарди долари. Тоа е една третина од 45.000.000.000 долари, што е проценката за вкупната вредност на сите клубови на светот.

Посебното тело на ФИФА до овој износ дошло во соработка со многу стручњаци од надлежните области. Работата да биде полоша, од ФИФА предупредуваат дека тоа е моментна состојба и дека сумата ќе расте како што ќе трае пандемијата.

Најпогодена е Јужна Америка, каде што во некои земји не се игра фудбал, а во тешка ситуација се и азиски и африкански клубови. ФИФА даде помош од 1,5 милијарди долари во овие тешки времиња за клубовите, но тоа е премалку.

 

- Оглас -

Најнови вести