Италијанскиот првак Јувентус летово потроши 35 милиони евра за да го доведе Дејан Кулушевски, кој лани блескаше во дресот на Парма. Младиот 20-годишен напаѓач доби шанса да биде стартер уште во првиот меч од новата сезона и тоа веднаш го искористи.
Како партнер во нападот со Кристијано Роналдо, Кулушевски погоди по само 13 минути на мечот против Сампдорија. Младиот голгетер одлично пласираше во небранетиот дел од голот на чуварот на мрежата на Сампдорија за радост на Старата дама.