Јувентус ја победи Сампдорија со 3:0 во првото коло од новата сезона во Серија А. Старата дама не дозволи изненадување во Торино и донесе радост во дебитантскиот тренерски настап на Андреа Пирло на клупата на Јувентус.
Главен на теренот беше уште еден дебитант во црно-белиот дрес. Дејан Кулушевски летово дојде во шампионот и доби шанса да игра во нападот заедно со Кристијано Роналдо. Некогашниот репрезентативец на Македонија во селекцијата до 15 години подоцна реши да игра за Шведска и сега е дел од сениорскиот состав на оваа земја, а и ѕвезда во подем во Серија А.
На Кулушевски му беа потребни само шест допири со топката и буквално со првиот удар го матираше голманот на Сампдорија за водство на Јувентус во 13-тата минута. Голот на Кулушевски може да го видите ТУКА.
Јувентус преку Роналдо промаши неколку добри шанси за 2:0 во првиот дел. Дури во 79-тата минута Јувентус ги урна сите надежи на гостите дека може да се спасат од пораз. По еден корнер, најдобро се снајде Леонардо Бонучи, кој зголеми на 2:0. Во 89-тата минута конечно погоди и Роналдо за 3:0.
2 – Only 2 players born after 1/1/2000 have scored at least 11 goals in Serie A: Dejan #Kulusevski and Moise Kean. Future.#JuveSampdoria pic.twitter.com/1oRc29PIaY
— OptaPaolo (@OptaPaolo) September 20, 2020