Пeтмина тенисери исфрлени од Ролан Гарос поради корна-вирусот, некои веруваат дека тестовите се лажни

Петмина тенисери нема да имаат можност да играат во квалификациите за Ролан Гарос. Организаторот на гренслем-турнирот во Париз соопшти дека тие петмина тенисери се исфрлени поради поврзаност со корона-вирусот. Иако официјално не се соопштени имињата на овие играчи, јасно е дека еден од нив е и Дамир Џумхур.

Најдобриот тенисер од Босна и Херцеговина не добил дозвола да биде дел од турнирот во Париз затоа што неговиот тренер Петар Поповиќ бил позитивен на корона-вирусот. Џумхур е убеден дека се работи за лажен резултат од тестот, но на Поповиќ не му било дозволено да направи нов тест.

„За жал, мојот тренер е позитивен на корона-вирусот и поради тоа немам никакви шанси да се натпреварувам на Ролан Гарос. Веќе сум елиминиран. Можеа да направат и втор тест затоа што сигурни сме дека резултатите од првиот тест се лажни. Мојот тренер веќе има антитела. Разочаран сум, но не можам да ја променам одлуката на организаторот“, рече Џумхур.

 

- Оглас -

Најнови вести