Мората утре во Торино, се враќа во Јувентус, а Џеко ќе извиси поради Милик

Алваро Мората ќе си замине од Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, за кого од 2014 до 2016 година одигра 63 меча и даде 15 гола. Мората ќе биде позајмен во Јуве, а Старата дама ќе треба да плати околу 10 милиони евра.

Шпанецот утре заминува на лекарски тестови во Торино, пред официјално да се пресели во италијанскиот првак, со можност по завршување на сезонава, да стане член на Јуве, ако клубот му плати на Атлетико 45 милиони евра.

Мората, кој во октомври полни 28 години, нема да биде прва опција во нападот на Атлетико откако клубот се договори со Луис Суарес, за кого се интересираше Јувентус. Суарес избра да остане во Шпанија, а и проблемот со ненавременото добивање на италијански пасош му беше пречка. Мората е емотивно врзан за Торино, таму ја запозна неговата сопруга.

Доаѓањето на Мората веројатно значи дека нема ништо од најавениот трансфер на Един Џеко од Рома во Јуве. Проблем е што Рома нема постигнато договор со Аркадјуш Милик од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести