Барселона се премисли, талентираниот Пуиг нема да оди на позајмица

Иако тренерот Роналд Куман му соопшти на талентираниот Рики Пуиг дека ќе мора оваа сезона да оди на позајмица, Барселона донесе одлука да го задржи младиот играч за врска.

Тоа значи дека новиот тренер на Каталонците ќе мора да се потруди да му даде минутажа на играчот кој потекнува од фамозната школа „Ла Масија“. Одлуката за Пуиг да остане на „Камп ноу“ доаѓа по денешниот состанок меѓу управата и неговиот татко, кој всушност му е агент на 21-годишниот младински репрезентативец на Шпанија.

Пуиг минатата сезона запиша вкупно 12 настапи за првиот тим на Барселона, во кои забележа две асистенции, а неодамна се појави на арената „Тодор Проески“ во Скопје, кога репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра реми без голови против актуелниот младински европски првак Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести