Агњешка Радванска ги шокираше сите: Доста е

Агњешка Радванска изнанадувачки денеска соопшти дека ја завршува професионалната тениска кариера. Најуспешната полска тенисерка на сите времиња во еден период од кариерата беше на второто место на ВТА-листата, а најголемиот успех го имаше со пласманот во финалето на Вимблдон. Сепак, честите повреди ја принудија да оди во тениска пензија порано од очекуваното.

„Би сакала со вас да споделам една од најважните животни одлуки. По 13 години професионално играње, денеска ја завршувам мојата авантура во професионалниот тенис. Не ми е лесно. Во главата ми поминуваат толку сеќавања, емоции, победи. Освоив 20 турнири и имам речиси 600 победи. Сепак, повеќе не сум во состојба да тренирам како претходно. Телото веќе не ме слуша. Повеќе не можам да играм на највисоко ниво“, рече Радванска, образложувајќи ја својата одлука.

- Оглас -

Најнови вести