Макаби Тел Авив има многу проблеми со ковид-19, дури 9-мина фудбалери и неколку членови на клубот се со позитивни тестови, но сепак ќе нема одложување на мечот со Салцбург.
Вечерва од 21 часот на „Блумфилд арената“ во Тел Авив ќе се игра првиот дуел од финалната квалификациска рунда, па хаосот што се случи кај Израелците нема да биде пречка за дуел со Салцбург.
Maccabi Tel Aviv FC has announced that Eduardo Guerrero, Dor Turgeman and a staff member tested positive for COVID-19. The club will undergo another test tomorrow and the game vs Salzburg will go on this evening as scheduled.
— Sports Rabbi (@thesportsrabbi) September 22, 2020
Домаќините мора да се снаоѓаат и ќе играат со комбиниран тим против големиот фаворит за вкупна победа во двомечот.
Досега во вакви случаи, а ги имаше во претходните рунди во квалификациите и претквалификациите за пласман во Лигата на шампионите, УЕФА носеше одлуки мечевите да не се играат, а неколку екипи беа и елиминирани.
Сега е одлучено да се игра, па првиот чин од двомечот меѓу Макаби и Салцбург ќе почне вечерва, од 21 часот. Реваншот е закажан за 30 септември, а од таборот на Макаби најавија ново тестирање на Ковид-19 за сите играчи што е закажано за утре.