Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска ќе игра во премиерата во националниот фудбалски куп против имењакот и второлигаш Вардар Форино во премиерата на најмасовното натпреварување.
Мечот ќе се игра во Гостивар, а фаворитот се знае, бидејќи 12-кратниот првак е апсолутен фаворит и покрај големите финаниски проблеми.
Со овој меч ќе се означи стартот на натпреварите во македонскиот куп, а двете екипи веќе играа еднаш меѓу себе и рутинска победа славеше попознатиот Вардар од Скопје.
Пред две години во шеснаесетфиналето „црвено-црните“ од Скопје ја оправдаа улогата на фаворит и го победија клубот од Форино со 4:0.
Утре се играат уште 10 натпревари од првата фза во националниот фудбалски Куп на Македонија.
ДЕНЕСКА, 15.30 ЧАСОТ
Гостивар: ВАРДАР ФОРИНО – ВАРДАР СКОПЈЕ
УТРЕ, 15:30 ЧАСОТ
Кратово: СИЛЕКС – ТЕТЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА
Битола: ПЕЛИСТЕР – ЉУБОТЕН
Охрид: ОХРИД – РЕНОВА
Македонска каменица: КАМЕНИЦА САСА – БОРЕЦ
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
Кичево: ВЕЛАЗЕРИМИ – РАБОТНИЧКИ
Велешта: ВЕЛЕШТА – КОЖУФ
Виница: СЛОГА – ШКУПИ
Росоман: РОСОМАН – БЕЛАСИЦА
18 ЧАСОТ
Штип: КИТ ГО – СКОПЈЕ