Волците подготвуваат сензационален трансфер за ѕвезда на Јувентус

Вулверхемптон располага со средства за ангажман на Даглас Коста, крилото на Јувентус, за кого ќе се издвојуваат до 30 милиони евра. Волците остварија добар профит од продажбата на Диого Жота во Ливерпул, па сега на негово место сакаат да ја доведат ѕвездата на Бјанконерите.

Коста во минатото имаше доста прилики да заигра во Премиер лигата по инстересот од Манчестер јунајтед, меѓутоа остана во Торино да се бори за место во стартниот состав. Со оглед на тоа дека Коста не ја добива потребната минутажа, шансите за Вулвс да ги добие услугите на ексиграчот на Баерн Минхен се големи.

Англискиот шампионат би добил на квалитет со евентуалното доаѓање на бразилскиот репрезентативец, а воедно опасните Волци би биле уште понезгоден противник за големата шестка во Премиер лигата, како и за останатите прволигаши.

- Оглас -

Најнови вести