Били Донован ќе биде новиот тренер на Чикаго булс, откриваат американските медиуми. Тренерот на Оклахома сити тандер, кој по елиминацијата од Хјустон во плејофот доби отказ по пет години соработка, ќе ја предводи франшизата која доминираше во 90-тите години од минатиот век.
Зек Лавин, ѕвездата на Чикаго, беше меѓу првите кои дознаа кој ќе биде новиот тренер на Чикаго, а новоста ја соопшти додека ја играше популарната видеоигра Call of duty, при што пријатно се изненади.
„Ох, Били Донован е нашиот нов тренер. Тоа ќе биде добро, тој е многу добар тренер“, рече Лавин додека „држеше“ пушка во рацете.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1308538056845062145
Инаку, Оклахома беше првиот тим од НБА-лигата кој го водеше Донован, претходно 19 години работеше на Флорида и се занимаваше со универзитетска кошарка.