Пред неколку дена, на одбојкарски натпревар во српскиот град Крагуевац, помеѓу домашниот Раднички и екипата на Ниш, гостинскиот тренер Драган Светозаревиќ ги шокираше сите кога го клоцна својот техничар на кој му беше лут за лошото подигнување на топката и го повлече од игра, седнувајќи го на клупа пред да го удри.
Тренерот беше исклучен и сега се чека одлуката на надлежните во Суперлигата и Одбојкарската федерација на Србија да му изречат соодветна санкција за да нема повторување на вакво нешто.
Она што дополнително ја шокира српската јавност е изјавата на претседателот на Ниш, Милан Пешиќ, кој за инцидентот го обвини играчот.
„Бев во Крагуевац и видов што се случи. За судир, потребни се двајца. Недопустливо е играч да му се развика на тренер, а недопустливо е и тоа што тренерот го направи, иако мислам дека немаше намера. Долго ги разгледувавме околностите и одлучивме со играчот Милош Антониќ спогодбено да го раскинеме договорот. Тренерот Светозаревиќ ќе сноси финансиски последици. Ние како клуб осудуваме какво било насилство, со надеж дека никогаш нема да се повтори“, вели претседателот на клубот.