Баерн е апсолутен фудбалски господар во Европа (Видео)

Баерн е апсолутен фудбалски владетел во Европа и вечерва на шампионската круна од Лигата на шампионите го додаде и пехарот на УЕФА за Суперкупот на Европа.

Голот на Шпанецот Хави Мартинес во 104-тата минута го урна ривалот од Шпанија, Севилја. Победникот во Лигата на Европа поведе со голот на Лукас Окампос.

Напаѓачот ѝ донесе предност на Севилја со гол од пенал во 13-тата минута, по прекршокот на Алаба над Лук де Јонг, и најави успешен поход кон вториот пехар во клупската историја на тимот во Суперкупот на Европа.

https://twitter.com/cool_summit_07/status/1309210042659299328?s=20

Сепак, Леон Горецка брзо израмни на 1:1 со погодок во 34-тата минута, што беше се од головите во регуларниот дел од мечот.

https://twitter.com/SnapGoal/status/1309216128330334208?s=20

Баерн постигна уште два гола, но беа поништени поради офсајд, па се играат продолженија, а исходот на мечот го одлучи играчот што си заминува од клубот.

Хави Мартинес беше најприсебен во финишот на првото продолжение и погоди за победа на Баерн од 2:1.

https://twitter.com/Route1futbol/status/1309239389109841926?s=20

- Оглас -

Најнови вести